10 најдобри романтични комедии од 2017 кои треба да ги гледате

Знаеме дека веќе е 2018 година, но сеуште е рано да се направи листа со предлози за гледање од оваа година, а да ви се достапни да ги гледате баш денес. 

Ова се проверени топ 10 наслови, кои сигурно ќе ви се допаднат доколку сте фан на романтичните комедии, а ако сте голем фан на овој жанр, не очекувајте премногу. Веќе оддамна не се прават оние класични, ултра романтични, убави филмови како пред една деценија.

Сепак мора да признаеме дека во оваа листа има неколку добри, интересни и смешни, а истовремено и приказни кои топат срца. Доколку не знаевте што да правите викендов, пуканки и филм е секогаш добра идеја.

The Big Sick

Пакистанскиот комичар Кумаил Наџани и студентката Емили Гарднер се вљубуваат, но се соочуваат со потешкотии заради нивните културолошки разлики. Кога Емили добива мистериозна болест, Кумил се наоѓа принуден да се соочи со нејзините дрски родители, очекувања на неговото семејство и неговите вистински чувства.

Everybody Loves Somebody

Успешна и сингл жена го кани својот колега да и биде партнер и да се претстави како нејзино дечко на семејна свабда во Мексико. Ситуацијата станува комплицирана кога таму ќе се појави нејзиниот поранешен дечко, а сега таа се соочува со голема дилема.

Girlfriend’s Day

Зошто е прогласен Ден на девојките во Калифорнија?

 

Home Again

Кога Риси Витерспун се сели, сама со нејзините деца, од Њујорк во нејзиниот роден град Лос Анџелес и се случува тоа што никогаш не го очекувала. Таа е ќерка на познат режисер, а наскоро во нејзиниот дом ќе се вселат три млади момци кои ќе и го променат животот.

How to Talk to Girls at Parties

Вонземјанин што патува низ галаксијата отскокнува од нејзината група и се состанува со двајца млади жители од најопасното место во вселената: лондонското предградие Кројдон.

The Incredible Jessica James

Џесика, аспирант драматург во Њујорк, се обидува да го надмине неодамнешното раскинување кога се сретнува со Бун, кој исто така се опоравува од неодамнешната разделба. Заедно, тие наоѓаат начин да го преживеат светот пост врските. 

Girls Trip

Кога четири долгогодишни другарки патуваат во Њу Орлеанс за годишниот фестивал Essence, повторно се обновуваат сестринствата, дивите страни повторно се откриваат и има доволно танцување, пиење, мешање и романтизација за да се направи руменило Big Easy.

Table 19

Кој седи на последната маса на свадбата? Тотално неважните? Токму масата 19 ќе има едно посебно доживување на денот на свадбата, но надвор од главните случувања на прославата. Смешна, симпатична приказна, за еден пар кој повторно ќе го најде својот пат.

The Little Hours 

Во средниот век, еден млад слуга бега од својот господар и се засолнува во манастир полн со емотивно нестабилни калуѓерки. Претставен како глув човек, тој мора да се бори да го задржи својата маска додека монахињите се обидуваат да одолеат на искушението.

Paris Can Wait 

Париз може да почека е едно патешествие кое започнува од југот на Франција, преку прекрасните предели на земјата и неверојатната храна, со новото познанство и искрите, се до Париз.




Коментари

коментари