Категории

10 навики на богатите луѓе

Богатите луѓе го стекнале своето богатство, меѓу другото, и со тоа што усвоиле некои навики и начин на однесување, кои им помагаат да го задржат својот имот. Еве неколку добри навики што им се заеднички на сите богаташи. 

1) ПОСТАВУВААТ ЦЕЛИ

Луѓето не стануваат случајно богати, тие пред сè си поставуваат цели што ги водат кон тоа да станат богати. Накрај тие и си ги остваруваат тие цели.

2) СЕ ФОКУСИРААТ НА РАБОТИТЕ ЕДНА ПО ЕДНА 

Богатите луѓе пред себе поставуваат наизглед неостварливи цели, но додека на ум постојано ја имаат таа цел, целосно им се посветуваат на работите што ги прават моментално и се фокусирани на нив. Сите тие наизглед обични работи всушност водат кон остварување на примарната цел.

3) ГО ПОЧИТУВААТ ВРЕМЕТО 

Со оглед на тоа што брзо мислат и многу работат, овие луѓе немаат време за губење. Тие многу го ценат времето, а кога го трошат на безначајни работи, чувствуваат грижа на совест. Затоа ретко ќе сретнете богаташ како бесцелно талка на интернет или менува ТВ-канали без некоја посебна цел.

4) ТРОШАТ ПОМАЛКУ ОТКОЛКУ ШТО ЗАРАБОТУВААТ 

Проблемот кај луѓето што никако не можат да заштедат е што нивните трошоци редовно ги следат нивните примања, па ако примањата им се зголемат, се зголемуваат и трошоците. Луѓето што стануваат и остануваат богати никогаш не ги трошат своите приходи до крајни граници. Обидете се и вие секој месец да заштедите 10% од заработката, но не штедете откако ќе потрошите сè што сте сакале, туку прво одвојте пари за штедење, па потоа потрошете го остатокот.

5) НАПОРНО РАБОТАТ 

Без оглед дали го стекнале богатството или го наследиле, богатите луѓе по правило вредно работат на неговото зглемување и зачувување. Оние со кои тоа не е случај, многу ретко остануваат богати.

6) КОНСТАНТНО УЧАТ И РАСТАТ 

Меѓу богатите важи правилото „колку повеќе знаеш, толку повеќе заработуваш“, па моќта на учењето е еднаква со моќта на заработувањето.

7) СЕ ДВИЖАТ ВО КРУГОВИТЕ НА ПОЗНАТИТЕ

Богатите луѓе немаат сиромашни пријатели, а оние што се дружат со богатите или со оние што се потенцијални да станат богати, и самите еден ден ќе имаат значителен имот.

8) УПОРНИ СЕ 

Богатите луѓе едноставно не се откажуваат. Тие можеби доаѓаат до својот имот на начини што првобитно ги замислиле, но по сите паѓања успеваат да се подгинат и на крај да го пронајдат вистинскиот пат до своето богатство.

9) ПРЕЗЕМААТ ПРЕСМЕТАНИ РИЗИЦИ 

На богатите луѓе ризиците не им се непознати, а кога ќе се одлучат да дојдат до нешто, ќе направат сè за тоа да го постигнат, иако тоа подразбира и огромни ризици. Тие знаат колку ќе ги чини некоја одлука и подготвени се никогаш да не се потпираат само на една работа.

10) ШИРОКОГРАДИ СЕ 

Колку и да звучи ова контрадикторно, ако ѕирнете во животите на некои од најбогатите луѓе на денешницата, ќе видите дека тие всушност се големи филантропи. Листата на овие луѓе е долга, а некои од нив се Рокфелер, Ендрју Карнеги и Бил Гејтс.

Прегледи:
349
Објавено на:
14.08.2016