Категории

10 причини зошто вашиот „глупав“ мобилен телефон беше подобар од смартфон

Повеќето од вас имаат смартфони, при што Фејсбук, Инстаграм, Снепчет и Твитер ви се достапни секогаш и секаде. Кога ќе добиете некоја порака, вие веднаш одговарате на неа, а исто така со фотографирањето сте во можност да го зачувате и секој значаен момент. Постојат и многу апликации што ви овозможуваат полесно извршување на некои работи, но и онакви што ве забавуваат. Животот со смартфон звучи многу интересен, а за многумина тоа и е вистина. Но, сѐ уште постојат и такви кои користат од оние старите „глупави“ телефон и тоа го прават од различни причини, како што е пониската цена, поголемата издржливост на батеријата, поевтиното одржување и слично.

Дали би можеле да го исклучите вашиот смартфон и да се вратите на оној што сте го имале кога сте започнале со користење? Најверојатно не. Вам ќе ви недостигаат социјалните мрежи, достапноста на секакви информации во секое време, како и многуте апликации. Но, покрај ова, постојат и неколку причини зошто старите модели се подобри од вашиот нов смартфон. Во продолжение погледнете кои се тие.

1. Тие се одличен изговор да не им одговорите на другите луѓе

Ако ги анализирате навиките кои ги имате со паметниот телефон, ќе сфатите дека трошите многу време за следење на социјалните мрежи, одговарање на повици и пораки. Секому некогаш му треба нешто, а кога имате брз и способен смартфон со себе, изгледа како секогаш да треба да им одговарате на другите. За разлика од сега, кога се користеле старите „глупави“ телефони, луѓето не очекувале толку брзо да им се одговори на пораките, па би можеле да ги игнорирате одредено време.

2. Не морате постојано да ги ажурирате социјалните мрежи

Многу луѓе уживаат постојано да ги ажурираат нивните статуси на Фејсбук и да споделуваат слики на Инстаграм и Снепчет, додека пак за други ова претставува притисок, односно им изгледа како некоја работна обврска. Се сеќавате ли кога чекавте да се вратите дома за да објавите нешто на Фејсбук? Ова не значи дека треба да не ја користите новата технологија, но понекогаш обидете се да не бидете толку зависни од вашиот смартфон.

3. Старите телефони помалку ви го одвлекуваат вниманието

Смартфоните може да ви го одвлечат вниманието без воопшто да забележите. Можете да ги следите новостите, да гледате што објавуваат вашите пријатели на омилената социјална мрежа и да играте игри. Дури и да сте во друштво на вашите пријатели, вашиот смартфон ќе ви го одвлекува вниманието. Од друга страна, ова не го прават старите „глупави“ телефони. Иако и таму можете да имате некои игри, сепак, тие се поедноставни и помалку забавни.

4. Ракувањето со старите телефони е полесно

Смартфоните имаат многу функции и опции, при што секому му е потешко да се снајде уште од почеток. Од друга страна пак, старите „глупави“ телефони имаат поедноставни опции што е лесно да се научат, а со ракување од само дваесетина минути, вие можете да откриете што сѐ ви нуди тој телефон. Нема многу дополнителни функции или нешто што би можело да ве збуни.

5. Не мора постојано да ги полните

Батериите на смартфоните не траат долго. Светлите екрани, камерата, апликациите и постојаното користење брзо ја трошат батеријата. Повеќето луѓе ги полнат своите смартфони секоја вечер, а некои и во текот на денот. Сигурно не сте го имале овој проблем кога имавте стар и „глупав“ телефон. Во зависност од моделот, вие можевте да заборавите на полнењето неколку денови, па дури и една недела. Иако не може да ви ги понудат задоволствата што ги нуди смартфонот, сепак, старите телефони ќе ви овозможат да остварувате повици и пораки во подолг период.

6. Телефоните беа поевтини пред да се појават смартфоните

Секако, со текот на времето смартфоните стануваат сѐ помалку скапи, но некогаш не се плаќаше ниту приближно за да се добие функционален телефон. Дали вашите родители во минатото би ви купиле телефон доколку тој беше олку скап?

7. Тие потешко се оштетуваат за разлика од смартфоните

Секој сака голем и светол екран на телефонот. Но, старите „глупави“ телефони се подобри затоа што е потешко да ги оштетите. Тој може да ви падне на подот неколку пати, а екранот да ви остане неоштетен, а исто така не треба многу да се грижите да не биде оштетен од вода. За разлика од нив, со смартфоните треба постојано да внимавате, затоа што тие многу лесно се уништуваат.

8. Тие изгледаат уникатно

Речиси сите смартфони наликуваат еден на друг: Големи екрани, мали копчиња, тенок изглед. Но, старите „глупави“ телефони најчесто се уникатни. Има модели на лизгање, отворање или поедноставни што го прави ракувањето со нив повеќе забавно.

9. Старите телефони создаваат помала зависност

Денес, речиси секој кој има паметен телефон, е зависник од него. Но, дали смартфоните ве прават поглупави? Наместо да се обидете сами да се снајдете во околината, вие користите навигација. Со користење на старите „глупави“ телефони вие треба да се потпирате само на вашите способности, а не на онлајн апликациите.

10. Со старите телефони сте побезбедни

Старите мобилни телефони не ви даваат голема причина да се грижите за вашата безбедност и приватност. Телефоните што се користат само за повици и пораки, имаат ограничен начин за споделување на вашите информации. Со смартфоните хакерите имаат многу начини да ги злоупотребат приватните информации.

Прегледи:
416
Објавено на:
02.12.2016