Категории

10 совети од Facebook како да препознаеме лажни вести

Темата за лажните вести е особено актуелна во последните месеци. Лажни информации се шират најчесто преку социјалните мрежи. Facebook сака да им помогне на корисниците да бидат подобро информирани и да можат полесно да ги откриваат лажните вести.

Затоа социјалната мрежа објави свое раководство како луѓето полесно сами да ги откриваат лажните вести. Прирачникот вклучува 10 конкретни совети. Се разбира, тие не гарантираат сигурно дека одредена вест е лажна, бидејќи и нивните карактеристки често се менуваат.

Сепак, ова навистина се основните работи кои секој корисник на интернет би требало да ги знае:

1. Бидете скептични кон насловите

Лажните вести често користат сензационални наслови, зборови само со големи букви и извичници.

2. Обрнете внимание на адресата на сајтот

Често лажните вести се објавуваат во сајтови со провокативни имиња. Други пак ги имитираат имињата на популарни медиуми, но со различен домен. Најлесно е да се споредуваат откако ќе го отворите главниот сајт на дадениот медиум и ги забележите разликите.

3. Обрнете внимание на изворот

Лажните вести често не се повикуваат на никакви извори. Самите лажни сајтови исто немаат конкретни податоци за поврзување со тимот.

4. Обрнете внимание на форматирањето на текстот

Повеќето лажни вести често се напишани со многу грешки и чудно форматирање на текстот. Тоа сепак важи најмногу за светските вести, додека политичките лажни вести се доста професионално напишани.

5. Внимавајте на сликите

Лажните вести често имаат и лажни слики. Понекогаш тие се од различни настани, но може и да се колажи и монтажа кои не претендираат да се совршени, но ако човек не им обрне внимание, може да се доведе во заблуда. Користат и реални слики, но во различен контекст без да појаснат дека сликата е од друг настан.

6. Проверете ги датумите на објавување

Сајтови кои шират лажни вести, често не го покажуваат датумот на објавување на материјалите. Други, пак, едноставно користат погрешни датуми во самата публикација, за да ги дефинираат нивните пораки

7. Проверете ги доказите

Ако веста посочува извори, проверете дали кај нив всушност е напишано тоа и е во истиот контекст. Често се користат и лажни или изманипулирани цитати кои не изгледаат на ист начин како кај наведениот извор.

8. Проверете на други места

Ако ниту еден сајт не ја пријави дадената вест, веројатно таа е лажна. Обично можат да поминат и неколку часа пред таа да се појави на други места. Важно е веста да е соопштена по други извори или од сопствените новинарите на медиумот, а не да е преземена од истиот извор.

9. Прочитајте ги малите редови

Често сајтови кои се сатирични, стануваат извор на лажни вести. Коректните сатирични сајтови секогаш го нагласуваат овој факт на видливо место.

10. Не заборавајте дека некои вести сосема свесно се лажни

Се разбира, секој може да згреши. Секогаш постои можност и коректни медиуми да згрешат, но тие потоа секогаш си ја признаваат грешката и објавуваат корекција. При вистински лажните вести тоа недостасува дури и кога се осудени. Исто така не споделувајте вести за кои не сте сигурни дека се коректни, освен ако не сакате да побарате помош за верификација на фактите, но тоа треба да е кажано јасно.

Извор : standard.mk

Прегледи:
469
Објавено на:
17.04.2017