10 спортско-деловни комбинации од блогерката Валерија Липоветски

26-годишната руска блогерка Валерија Липоветски има доста професии, но онаа која бара најмногу посветеност е професијата мајка, вели таа.

Меѓу другото Валерија е успешна деловна жена која работи како модел, хуманист и бизнисменка. Таа е страстен вљубеник во модата со оглед на тоа што се занимава со неа од својата 16-годишна возраст, но брзиот живот полн со обврски не и дозволува да одвојува доста време за подготовка и одбирање на модни комбинации па најчесто одбира едноставни и удобни парчиња.

Бидејќи нон стоп е во брзање таа вели дека идеален изглед кој е спој на комфорт и елеганција се оделата во комбинација со фармерки и патики. Таа го оспорува правилото дека деловните жени мораат да носат високи потпетици постојано, па најчесго за себе одбира се што е удобно.

Ви споделуваме 10 стилски комбинации кои ќе го инспирираат вашиот деловен изглед да стане што по забавен и удобен.




Коментари

коментари