11 нешта кои постојано ги носите со вас, без да сфатите дека токму тие ве влечат надолу

Кога станува збор за емоционалното празнење, често не разбираме дека мислите и чувствата кои нѐ кочат во животот, се всушност вкоренети во нештата кои сакаме да ги имаме и луѓето кои некогаш сме сакале да бидеме. Кога ја чистите куќата, погрижете се да ги исчистите и главата и срцето.

1. Градот во кој сте сонувале да живеете

Како што старееме сфаќаме дека сонот за живот во голем град е празен сон. Освен кога станува збор за понуда на работни места, малите градови се попогодни за социјален живот и финансиска независност.

2. Идеалната работа која сѐ уште ја барате

Работата си е работа, без разлика дали ви се допаѓа или не. Вие одлучувате која ќе биде вашата работа од соништата. Ако не ви се допаѓа тоа што го работите сега, големи се шансите истото да се случи и со идното работно место.

3. Нередот кој не сте го исчистиле само затоа што сте мрзливи

Хартиите треба да се фрлат, а старата облека и нередот во плакарот мора да бидат средени. Овие нешта значат многу и имаат силно влијание врз вашиот живот. Многу повеќе отколку што мислите.

4. Личноста која мислите дека другите луѓе сакаат да ја видат во вас

Недоследноста ги прави луѓето да се чувствуваат непријатно, па затоа имаме потреба да се менуваме. Но, ризикот од откажувањето од удобната зона може да донесе награда која е поважна од сѐ останато: Да станете тоа што навистина сте.

5. Идејата дека животот сѐ уште ви е во пробна фаза

Кога сме на училиште, на некој начин нè учат дека сѐ е само подготовка за иднината.

6. Долгот во кој влеговте за да станете нешто кое никогаш не сте биле

Постои разлика помеѓу мудра инвестиција, како вложување во вашето образование, и банкарски кредит кој само ќе ги задоволи вашите површни желби.

7. Пријателите кои ги чувате само затоа што се блиску до вас

Поминувањето време со луѓе кои не ви се допаѓаат може да изгледа безопасно, но оваа навика може да ве исцрпи на начин за кој воопшто не сте ни свесни дека постои.

8. Стравот од непријатности

Ако го поминете животот во избегнување на непријатностите, тогаш всушност го избегнувате напредокот во животот.

9. Комплексот од недостаток на внимание

Никој не гледа на вас, како што вие се гледате самите себеси. Всушност, никој не ве доживува на ист начин. Вие не сте славна личност и држењето до оваа идеја само ви ја искривува перцепцијата за реалноста.

10. Љубовта која сѐ уште ја чекате

Без разлика дали се работи за таа која ве напуштила, љубовта која пријателите мислат дека ви треба или популарноста која сѐ уште се обидувате да ја постигнете… Љубовта што ја чекате е само проекција на онаа која ја губите чекајќи ја.

11. Идејата дека успехот е крајната цел

Ако ваш приоритет е да бидете богати и славни, тогаш попатно ќе треба да жртвувате многу работи како врските и светоста на вашиот мозок.




Коментари

коментари