Категории

12 тајни за уредување на домот кои можеме да ги „украдеме“ од среќните луѓе

Начинот на којшто го уредувате вашиот животен простор има големо влијание на вашето расположение. Затоа, без разлика колку време поминувате во него, тој би требало да ви пружи чувство на удобност и мир. Среќните луѓе водат сметка за својот дом, а ова се нивните тајни за уредување на просторот, поради кои насмевката е чест гостин на нивните лица.

1. Не дозволуваат создавање на неред

Секогаш внимаваат на тоа, на пример, 2-3 списанија да не се претворат во куп кој само собира прашина. На време ги отстрануваат непотребните работи и не дозволуваат тие да го превземаат просторот.

2. Предметите кои им значат ги поставуваат на видливо место

Важната пофалница на ѕидот, медалите на синот, дипломата… Она што за нив има големо значење заслужува да биде изложено за погледи, а поради тие предмети се чувствуваат подобро кога ќе ги видат во поминување.

3. Ја искажуваат сопствената личност

Не се плашат во уредувањето да се внесат себеси, па секогаш водат сметка за тоа нивниот дом да биде уреден онака како што ним им одговара, дури и ако тоа не е во согласност со трендовите.

4. Имаат катче за одмор

Мала зона, создадена само за нив, понекогаш не поголема од 1 или 2 квадрати, е нивниот посебен простор во кој се оддалечуваат од сите грижи и проблеми, односно се впуштаат во својот свет.

 5. Ја внесуваат природата во домот

Колку повеќе билки, толку подобро. Истражувањата одамна покажале дека билките нѐ смируваат и позитивно влијаат на нашата психолошка состојба, па затоа слободно опкружете се со нив.

6. Кај нив секогаш е „живо“

Дружењето со пријателите или семејството ќе ве наполни со позитивна енергија.

7. Го сакаат светлото

Ако поради положбата на нивната куќа или стан, односно прозорците во домот немаат доволно добар извор на природна светлина, тие ќе го надоместат тоа со вештачко осветлување. Во дневните и вечерни прилики често палат свеќи кои на животниот простор му даваат посебна топлина.

8. Редовно чистат

Не се роботи со крпи и детергент, но имаат свој распоред на редовно чистење од кој не отстапуваат и поради тоа им е лесно да ја одржат уредноста.

9. Спалната соба е нивното засолниште

Просторијата во која спиеме е многу важна. Експертите за уредување советуваат токму таа да биде првата на која треба да ѝ посветиме внимание. Таа е последното нешто кое го гледаме пред да заспиеме после долгиот ден и првото нешто кое го гледаме наутро кога ќе се разбудиме, па енергијата на таа соба ја носиме со себе.

10. Избирајте бои кои го подобруваат расположението

Барем еден ѕид во нивниот дом е обоен во некоја од боите кои докажано добро влијаат на нас, како што се зелената или портокаловата.

11. Сакаат да го „намирисаат“ својот дом

Свеќи, освежувачи или пак, домашно подготвен мирис за дом како што се запалените борови гранчиња. Пријатниот мирис, исто така, го подобрува расположението.

12. Го полнат животниот простор со спомени

Фотографиите на ѕидот или на полиците можеби не се лесни за одржување, но погледот кон нив секој пат ги развлекува усните во насмевка. Затоа не „бегајте“ од големиот број фотографии во вашиот дом.

Прегледи:
773
Ознаки:
·
Објавено на:
14.02.2017