Категории

14 вечни цитати на Габриел Гарсија Маркес

Никој не остана рамнодушен на неговата необична игра со зборови, игра која ќе успее да ве наведе да навлезете во животите на ликовите што ви ги прикажува. Габриел Гарсија Маркес е автор кој ќе го засакате не само поради неговиот стил на пишување, туку и приказните кои  ги раскажува. Ова е автор чии дела не смеат да се пропуштат, едноставно ќе ги обожавате! 

2133

Подолу ви приложуваме 14 цитати кои се земени од неговите најпознати дела. Тие нека ви послужат како доказ за генијалноста на овој човек, кога станува збор за љубовните романи.

1. Никогаш не престанувај да се смееш, дури и тогаш кога ќе те совлада тагата, бидејќи никогаш не се знае кој би можел да се заљуби во твојата насмевка.

2. Не ги вреднуваме нештата по нивната вредност, туку по тоа колку тие ни значат.

3. Никој нема да те запамети по твоите сокриени мисли.

4. Сеќавањето на срцето ги брише лошите случувања, а ги зголемува убавите. Благодарение на таа вештина успеваме да го поднесеме минатото.

5. Со текот на годините, потребата за тага преминува во порок.

6. Животот не е она што сме проживеале, туку она на што се сеќаваме, а како се сеќаваме, така го и повторно прераскажуваме.

7. Кажи му да иако умираш од страв, кажи му да иако можеби подоцна ќе зажалиш, затоа што, што и да направиш, цел живот ќе ти биде жал ако кажеш не.

8. Срцето има повеќе простор отколку еден бордел!

9. Животот, а не смртта, нема ограничувања.

10. Не умираме кога треба, туку кога мора.

11. Не е вистина дека луѓето престануваат да ги исполнуваат своите соништа кога почнуваат да стареат. Луѓето стареат бидејќи престануваат да ги исполнуваат своите соништа.

12. Немој да умреш додека не доживееш блаженствено водење љубов со твојата љубов.

13. Мажот знае кога остарел. Тоа е моментот кога почнува да личи на својот татко.

14. Луѓето не се раѓаат само оној ден кога мајката ќе ги донесе на овој свет, туку животот ги тера самите да се препородат повеќе пати.

Прегледи:
1223
Објавено на:
08.04.2017