Категории

15 симптоми кои ви кажуваат дека нешто не е во ред со вашиот миленик

Животните неретко ни стануваат неизоставен дел од животот, а секако треба добро да се грижиме за нив. Најтешко е да се дијагностицираат нивните здравствени проблеми, тие не можат да ви кажат што им е со зборови, но секогаш има некој знак кој укажува дека нешто не е во ред. Ова се 15 знаци кои ќе ви укажат дека нешто не е во ред и дека треба да побарате стручна помош.

1. Криење

Ако вашето куче или мачка ненадајно почне да се крие и да избегнува контакт или пак започне да се однесува различно од вообичаено, нешто не е во ред и треба да побарате помош.

 

2. Необјаснива летаргичност

Ако подолг период избегнува да игра, само лежи и слабо се движи, не го игнорирајте ова однесување.

 

3. Одбива да јаде

 

4. Наведнати и други неприродни пози

Неприродни пози, како згрбавеност, свитканост, опашот меѓу нозе може да укажуваат на сериозен проблем и дека вашиот миленик е во болка, па затоа побарајте помош.

 

5. Константно лижењена одредено место на телото

Нормално е дека животните ќе се лижат, но континуираното, тензично и долготрајно лижење на некое место покажува дека има проблем.

6. Подуеност, омалаксаност, повраќање

 

7. Краток здив

Ако не е после трчање или играње, може да значи проблем со срцето или стрес. Консултирајте се со специјалист.

8. ‘Ржење, болно мјаукање, шиштење

Кога имаат проблем животните испуштаат специфични звучи, пропратено со невообичаено однесување може да биде знак дека нешто не е во ред.

 

9. Потешкотии при одењето по нужда

 

10. Миленикот ја притиска главата на ѕидот

Ако вашиот миленик го прави ова веројатно има проблем со нервниот систем (инфекција, повреда, тумор), веднаш однесете го на ветеринар.

11. Отежнато дишење

Ако забележите тешко дишете, ако дишењето се префрлило од гради на дишење на стомак, а тоа се случува подолг период без одлагање консултирајте се со ветеринар.

12. Оток

Доколку не ви делува на обична, мала повреда, однесете го на ветеринар.

13. Куца

Ова е една од работите кои најлесно ќе ги забележите. а доколку не станува збор за мала повреда, побарајте помош.

14. Третиот капак станува видлив

Нормално третиот очен капак станува видлив кај мачките кога спијат, но доколку пола од очите се покриени подолго време, може да е симптом на некоја инфекција.

15. Цревни нарушувања или запек

Хронични заболувања на цревата или запек, исто така, можат да бидат знак на разни сериозни болести, вклучувајќи повреди на ‘рбетниот мозок и тумори, тешки труења итн. Ако вашето домашно милениче искуства крварење, треска, сериозни промени во температурата на телото или губење на свеста контактирајте клиника веднаш.

Прегледи:
3910
Објавено на:
04.01.2017