Категории

Комбинезоните актуелни и во есенската мода

Комбинезоните се парче кое може да се прилагоди во сечиј стил без разлика на годините. Тие можат да се носат во текот на целата година и за секакви прилики.

Оваа есен особено популарни се комбинезоните од кадифе, како и оние во поширок и поопуштен крој. Моделите со долги ракави можете да ги носите на работа, дневни излегувања, буквално насекаде.

За деловен изглед можете да додадете блејзер одозгора и високи потпетици. Додека за поопуштен изглед можете да ги носите со патики, а исто така лежерна варијанта се оние на прерамки под кои се носи блуза на долги ракави..

Во галеријата ви подготвивме неколку стајлинзи кои ќе ви помогнат како да го искомбинирате ова супер стилско парче.

Прегледи:
672
Објавено на:
03.10.2017