Категории

Македонец меѓу холивудските ѕвезди: Запознајте го Крис Петровски (Фото)

Можеби сте го гледале во некоја од познатите ТВ серии, или во некој филм, а не сте знаеле дека ние имаме наше дете меѓу најпознатите светски актерски ѕвезди.Неговото име е Крис Петровски, има 26 години и по потекло е од Битола. Младиот македонски актер последниве години живее во САД, каде ја гради својата актерска кариера на светска филмска ѕвезда. Откако дипломирал на престижната актерската школа „Стела Адлер“ во Лос Анџелес, се сели во Њујорк каде Крис добива улога уште во првата сезона од серијата „Госпоѓа државен секретар“ чиј продуцент и режисер е мегапопуларниот холивудски актер, легендарниот Морган Фриман.

Серијата во почетокот на октомври ќе почне да ја емитува својата етвртата сезона и тоа на една од водечките ТВ куќи во САД, Си-Би-Ес. Инаку во неа, младиот битолчанец го игра ликот на рускиот шпион Петров, карактер кој е сосема спротивен од него и неговата приватна личност.

Во неговата официјална биографија пишува дека е актер, но и автор ( на дел од епизодите од ТВ серијата “In the moment”), комедија во која во 15 епизоди од истата го игра ликот на Кори. На јавноста покрај улогата на агентот Дмитри Петров во серијата „Госпоѓа државен секретар“, Крис и е познат и по улогите во филмовите: “All Cheerleader die” ( 2013), “Cold water” (2013), “Breaking Brooklyn” (2017) “…

Вистина.мк

Прегледи:
352
Објавено на:
27.09.2017