Не спиете со чорапи? Кога ќе го прочитате ова можеби ќе се предомислите

Многумина ќе кажат дека едвај чекаат да ги соблечат чорапите навечер, додека други пак, не можат да замислат да се смрзнуваат без нив. Што всушност е правилно, откриваат стручњаците. Да се носат чорапи додека се спие или не, тоа е тема на која долго време се зборува. Но, стручњаците велат дека постои добра причина зошто да спиете со чорапи.

Кога стопалата се загреани се шират крвните жили и праќаат информација до мозокот дека е време за спиење. Откако крвните жили ќе се рашират на рацете и нозете, топлината рамномерно се распоредува низ телото за да го припреми за спиење.

Со други зборови, ладните нозе можат да го отежнат успивањето и длабокиот сон во текот на ноќта. Топлите нозе пак, ќе ви овозможат полесно заспивање, а некои истражувања покажале дека луѓето кои спијат со чорапи заспиваат дури 15 минути порано од оние кои спијат без нив.

Традиционалната кинеска медицина исто така препорачува да се спие со чорапи поради подобра циркулација. Ладните нозе ја извлекуваат енергијата од телото и можат да го пореметат протокот на виталната енергија и крвта (прехраната) на телото. Студот создава стагнација во телото од која можат да произлезат и болки.




Коментари

коментари