Нов есенски тренд: Качкет-капа

Шеширите и капите отсекогаш имале посебно место во модниот свет. Ниту еден дама не може да му остане рамнодушна на овој стилски аксесоар, особено на шеширите со голем оквир, а оваа есен ни пристигна нов акфуелен тренд. Се работи за качкет-капите или оние популарно наречени поштарски капи.

Прва која го прослави овој тренд е Бела Хадид а после неа целиот моден свет стана “опседнат” со нив. Ги имаше и на ревиите на познатите брендови, по улиците на модните метрополи, буквално насекаде. Од тексас, кожа, твид, тие се број 1 тренд за оваа есен бидејќи изгледаат лежерно и со доза на ретро гламур.





Коментари

коментари