СОВЕТИ КАКО ШМИНКАТА ДА ВИ ТРАЕ ПРЕКУ ЦЕЛ ДЕН

Повеќето жени мислат дека на лицето треба да има многу шминка за да трае цел ден, но тоа не е точно. Еден од најдобрите начини свежиот изглед на лицето да го задржите во текот на целиот ден е да користите прави производи за убавина.

Не треба да се нанесува многу шминка на лицето; сè што треба се вистинските производи и неколку корисни совети:

# 1. Користете лесен хидратантен крем

Секогаш користете лесен хидратантен крем, но важно е да пронајдете крем што совршено ќе ви одговара. Дури и ако имате мрсна кожа, не треба да го прескокнете кремот. Шминката подобро ќе се ‘држи’ ако кожата на лицето е хидрирана, а и подобро ќе изгледа.

# 2. Користете коректор пред подлогата

Повеќето жени нанесуваат коректор по нанесување на основата, односно течната пудра. Но, ако сакате шминката на лицето да ви трае цел ден, прво нанесете коректор.

#  3. Користете добра основа

Подлогата на лицето е клучна ако сакате трајна дневна шминка. Мора да пронајдете совршена течна пудра или крема за тонирање која одговара на вашиот тип на кожа. И запомнете, добро не значи и скапо. Има многу брендови што имаат одлични производи по разумни цени.

#  4. Користете четкички и сунѓерчиња

Еден од најдобрите начини вашата шминка да трае цел ден е да ја нанесувате со четкичи и сунѓерчиња наместо со прсти. Освен што рацете може да бидат валкани, на прстите сè уште има природни маснотии. Користете четкички и сунѓерчиња за нанесување на сенка, пудра, руменило. Исто така е неопходно секој производ да има соодветната големина на четката или сунѓерчето.

#  5. Набавете совршен ајлајнер

Ако набавите совршено моливче за очи кое не се размачкува и лесно се нанесува, веќе многу сте направиле. Важно е производот да е добар и тогаш очните капациќе изгледаатдобро цел ден.

#  6. Нанесете неутрална сенка на рабовите на очните капаци

Освен што неутралните нијанси на сенка, како што се беж, крем или бела боја, ќе овозможат да изгледате посвежо, и моливчето за очи подобро ќе се ‘држи’.

#  7. Нанесете подлога на усните

Пред да ставите кармин или сјај за усни, нанесете подлога, а тоа може да биде течна пудра, крема за тонирање, коректор-крем. Звучи чудно, но тоа помага шминката да биде попостојана.




Коментари

коментари