22-годишната Мис Јужна Африка крунисана за Мис Универзум 2017

Деми Ли Нил Питерс е 22-годишната убавица со потекло од Јужна Африка која ја освои круната на Мис Универзум 2017. На манифестацијата која се одржа во Холивуд, круната и ја врачи минатогодишната добитничка Ирис Митенер.

На специјалниот говор Деми заплака и ја сподели својата потресна приказна за најголемата инспирација која ја води низ животот а тоа е нејзината сестра која има ретка аномалија и е родена без мал мозок. Таа исто така изјави поддршка кон жените кои се соочуваат со проблеми на своите работни места и се дискриминирани.

Мис Колумбија беше прогласена за прва придружничка, додека Мис Јамајка ја доби титулата втора придружничка.




Коментари

коментари