„Ќе ти биде пред очи дури и кога ја нема“

Не дека нема да ти недостига. Далеку од тоа. Ќе ти треба во секој момент за да ја пополни онаа чудесна празнина која остана после неа. Ќе ти треба искрена прегратка во тивките часови кога сакаш да побегнеш и од сопственото срцебиење. Тогаш кога ќе ја гледаш како се смее, некаде со други луѓе, некаде на нови места и со стари пријатели. Ќе ја здогледаш насамо како зрачи од самодоверба, како го поздравува твојот пријател и гледа низ тебе. Гледа нешто преку тебе. Не те избегнува, само не те забележува. Ќе те снема како ноќ пријателе. За секунда ќе се избришеш од нејзиниот видик.
Најлошото од се, друже е што тогаш нема да можеш да бидеш идиот. Ќе сакаш да се вратат тие времиња, ама како се вика-круг си е круг. Прво нема да ја гледаш кога е тука, а потоа ќе ти биде пред очи дури и кога ја нема. Тогаш ќе биде доцна за да речеш дека вреди. Некој веќе одамна го знаел тоа. Некој веќе го искористил тоа. Не е секој ти, пријателе. Не секој уништува се` што ќе допре, па го прашува „дали си добро?“. Прашањата не играат никаква улога кога не можат да бидат одговорени. Ќе сфатиш тогаш, кога нема да најдеш одговор. Кога тишината ќе биде најгласен крик кој нема со кого да го споделиш.

-Кристина Цонкинска, 2014

-Прочитајте повеќе на: https://www.facebook.com/devojkatasoledenosrce

tumblr_nj7ssycSvu1sjsct8o1_500


тагови


Коментари

коментари