3 домашни маски за совршена кожа без акни и флеки

Акните со себе носат сериозни последици како што се лузните, флеките и хиперпигментацијата кои се навистина тешки и комплицирани за лекување. Но постојат многу природни состојки за кои можеби не сте слушнале дека успешно се борат со овие кожни проблеми а баш нив ги има во составот на бројни козметички препарати кои се продаваат за таа намена како и третмани во козметичките салони.

Ние ви откриваме 3 домашни маски со состојки кои веќе ги поседувате и имаат лековити својства кои ќе ви помогмат засекогаш да ги отстраните лузните и да имате совршено чиста и мазна кожа.

1.Маска од мед и алое вера
Се препорачува сиров мед во комбинација со гел од растение алое вера. Состојките се мешаат се додека да се добие хомогена смеса.
Се става на чисто лице 30 минути потоа се плакне со млака вода. Алое верата е општо познат лек кој ги отстранува флеките и лузните од кожата и има пријатно дејство на смирување на иритациите.

2.Маска од лимон, куркума и алое вера
Лимонот е одличен природен производ кој во себе содржи антиоксиданси, има избелувачки ефект и служи како природен ексфолијант. Куркумата е анти-инфламаторен продукт кој се бори против иритациите на кожата.

3.Маска од зелен чај, јаболков оцет, мед и цимет
Јаболковиот оцет е број 1 продукт кога е во прашање избелувањето на кожата. Ги поседува сите нутриенти кои доведуваат до блескав и здрав изглед на кожата. Во комбинација со зелениот чај кој служи како природен тоник, медот и циметот ќе добиете одличен лек кој ќе направи вашата кожа да изгледа здраво и негувано.




Коментари

коментари