Категории

#365Среќа Сања Маркоска: Хроно исхрана – диета или начин на живот?

3. Како најчест изговор за започнување на хроно исхраната се наведува губењето време при подготовка на храната, како и преголемата застапеност на месото. Колку време ти одзема готвењето на потребните оброци и дали може секој да си го дозволи овој начин на исхрана?

Ова е, според мене, најлошиот изговор што може да се изнесе за незапочнување со хроно исхраната! Сите ние готвиме дома оброци кои си бараат одредено време во кујната за било кој начин на исхрана, па така и овде не се троши ништо повеќе време за подготовка. Доволно е само да си направиме добра организација и да знаеме од предходниот ден (што и не мора) што би сакале да појадуваме, ручаме и вечераме наредниот ден. Јас лично познавам луѓе што овој начин на исхрана им одзема многу помалку време за подготвување отколку предходно. Месото е застапено во оброците онолку колку што ние ќе си го застапиме. Никој не вели дека постојано треба да се јаде месо, има соодветна замена за месото и со добра комбинација може да се изостави неколку дена. Секако, задолжително комбинирано со салата!

Впрочем, зарем Вие не јадете месо барем два пати неделно во вашите оброци? Еве на пример на мене знае да ми се случи воопшто да не конзумирам месо во една недела. Значи сепак се работи за изговори кои мене ми се многу добро познати оти ги практикував, нели и кога јас успеав да се изменаџирам во кујната, да напоменам, претходно ниту тесто во рака имав фатено, ниту секојдневно готвев оброци, сметам дека можат сите доколку сакаат. Инаку, интересно во оваа исхрана е тоа што храната може да се подготви и да се замрзне, па така може да се обезбедиме со јадење за цела недела или две. И да, секој може да си го дозволи овој начин на исхрана, зошто еве себеси ќе се земам за пример, а и сите Вас, трошиме пари на брза храна, чипсови, смоки, газирани пијалоци, благо, алкохол … кога ќе ги одземеме тие пари и ги потрошиме на дозволените намирници од Хроно исхраната, доаѓа доста помалку трошок или еднаков со оној на хранење по сопствен режим.

4. Многумина велат дека не би можеле да го замислат секојдневието без овошје. Дали е вистина дека овошјето е исклучено во овој режим на исхрана и со што се заменува тоа?

Искрено, и јас мислев дека нема да можам да си го замислам секојдневието без овошје, со оглед на тоа колку многу јадев во еден ден, особено без мандарините и портокалите зошто со душа ги чекав за да цедам сокови.. Но тоа беше само првите две недели додека организмот се навикнуваше без тие шеќери, после тоа се‘ е подруго. Од овошје се внесува само лимон и авокадо. Неконсумирањето друго овошје е само во рестриктивниот период од 28 дена, односно во периодот кога правиме чистење на организмот  и/или ако следите повеќе рестрикции и сте со прекумерна тежина како мојата или имате поголем вишок па сакате да дојдете до посакуваната тежина, инаку во вонрестрикција односно траен режим, овошје се консумира исто во одреден период од денот. Овошјето се заменува со зеленчукот. И зеленчукот е полн со шеќери, особено црвениот и токму ради тоа не се консумира црвен зеленчук за вечера бидејќи има висок гликемичен идекс (ГИ).

5. За крај, кој е вашиот совет за сите оние кои сакаат да започнат со хроно исхрана, но никако да се одлучат. Дали е возможно хроно исхраната да прерасне во начин на живот, а не само привремена диета која по одреден период го истоштува организмот?

Совет за да се почне со Хроно исхрана нема. Мене ми нема. Тоа едноставно се случува, го чувствуваш моментот, топлина те обзема, ти врие крвта гледајќи ги сите оние резултати и посакуваш да си дел од тоа семејство. Ти проработува оној одзив од внатрешниот глас кој ти вели сега можеш, сега е време да се фатиш за оној конец од зрак што ти го дава животот! Доволно е само да „допреш“ еден ден и да го издржиш истиот јадејќи ги тие здрави оброци, за да ja увидиш леснотијата, па така ќе се закотвиш за неа, знаеш како, како сидро! А кога ќе се закотвиш, не сакаш да одиш од таму, зошто такви благодети и чувства од неколку милиони долари, не паметиш од кога не си почувствувал. И сакаш да трае, да трае, постојано да си обземен од нив, зошто љубов се!

Хроно е љубов! А aко се заљубиш во Хроно исхраната, знаеш дека е за цел живот, зошто, морам да ве исправам, ова не е диета, ова е начин на исхрана кој ги задоволува сите потреби на телото, и да, многу лесно прераснува во начин на живот, зошто кога се вљубуваш во Хроно, се вљубуваш во сите промени кои телото ти ги покажува, почнуваш да се сакаш себеси и да стануваш нарцис. Енергијата ти плени! Најубав си! Зрачиш! Хроно те прави сонце, а сонце секому му треба секој ден, зарем не?!

1 2

Прегледи:
1139
Објавено на:
07.02.2018