#365среќа Јана Серафимова: Сè што можеме да замислиме – можеме и да оствариме

Велат по утрото денот се познава. Ако е навистина така, тогаш најдобар избор за почеток на секое утро е фрекфенцијата на Телевизија 24 и утринската емисија „Македонија Денес“. Покрај фактот што оваа емисија опфаќа различни теми од секојдневието, она што особено ќе ви го задржи вниманието е водителката Јана Серафимова.

Ведра, пријатна и полна со позитивна енергија која зрачи и се пренесува до секој гледач. Токму поради сите овие карактеристики кои што ја опишуваат оваа млада девојка, нејзиното место е во нашата рубрика резервирана за среќа.

  1. За почеток, која е Јана Серафимова кога камерите ќе се исклучат? Иако е најтешко да се опишеме себеси, кои се основните карактеристики кои те опишуваат?

  • Да, би се согласила дека е најтешко да се опишеме себеси, на сам старт ми давате тешка задача. Сакам енергијата која што природно ја носам кога не сум пред камери –  да ја пренесам и тогаш кога камерите се вклучуваат, па навистина сум среќна доколку гледачите ја чувствуваат таа моја позитива. Сепак би рекла дека сум личност што не се “расфрла“ со својата енергија, зошто давам максимум љубов и посветеност таму каде што јас избирам, а тоа се: работата и луѓето чија што енергија ми одговара, ми значат и искрено ги сакам. Сакам музика, сакам и следам спорт (најмногу фудбал), па еве таман да кажам дека една од поголемите маани ми е што не можам да се натерам редовно – рекреативно да спортувам.

@Regranned from @janaserafimova – Среќа е наутро да се биде домаќин на сите Вас кои одлучувате да го започнете денот пред малите екрани?! ??? Среќа се споделените насмевки, разговорите со моите гости и позитивната енергија – за најдобар можен старт на денот ???@srekja.mk #среќа #фотоНаДенот #фотоНаНеделата #инстаграмџики #инстаграмџии #инстасреќа #365среќа #tv #tvlife #tvhost #tvhostlife #makedonijadenes #tv24 #happiness #smile #onlypositivevibes #staypositive #instahappiness #goodvibes #goodenergy #lovemyjob #lovemylife #srekjamk

A post shared by srekja.mk (@srekja.mk) on

  1. Кој е твојот параметар за среќа? Колку многу среќа е доволно за да се чувствуваш задоволна?

  • Голем е бројот на нештата што можат да ме направат среќна. Среќа е што имам супер семејство и неколку вистински пријатели и тие ми го прават секој ден поубав. За мене е многу голема среќа кога во нечии очи ќе видам дека јас сум причината што во нив се гледа среќа. По среќна од моите лични успеси и остварени желби можат да ме направат среќата и постигнатите успесите на брат ми. Среќа е да сакаш, а веројатно уште поголема – да бидеш искрено и вистински сакан.

  1. Откако ќе се навикнете да работите пред камерите и ќе ја победите тремата, многумина велат дека потоа не можете без нив. Доколку не би го работела ова што го работиш сега, која е професијата во која би се пронашла?

  • Сигурно дека тоа би била музиката, затоа што тоа е и мојата вистинска професија.
  1. Со оглед на тоа дека си на почетокот на својата кариера, кои се твоите планови за во иднина?

– Во моментов ми е важно, би рекла благодарна сум и среќна за можноста што ја имам секојдневно да учам, да се надградувам, подобрувам и напредувам во мојата работа. Посакувам  сето тоа да биде видливо во иднина, можеби во рамки на мој самостоен ТВ проект или некое големо телевизиско шоу, со голема екипа,  учесници и публика што ќе го следи.

  1. Животот е борба и секојдневен предизвик со кој секој од нас се справува на свој начин. За крај, можеш ли да ни откриеш на кој начин се справуваш ти со секојдневието и која е твоето животно мото?

  • За подобро справување со секојдневието секогаш помага ако си носиме насмевка, позитивни мисли и енергија, избор на вистинската околина и луѓе околу нас. Мене најмногу ми значи огромната поддршка, мислења и совети од најблиските. Мото: се што можеме да си замислиме – можеме и да го оствариме, клучот е во тоа вистински и во доволна мера да сакаме.



Коментари

коментари