#365среќа Сања Костадинова, Хроно приказна: Од кога знам за себе, се борев со вишокот на килограми

Од кога знам за себе отсекогаш сум била со вишок килограми. Почнувајќи од најмладата возраст како во основно така и во средно училиште отсекогаш отскокнував со тежината од моите соученици, другари и пријатели.

Соочувајки се со сите свои психички и физички проблеми кои ми ги носеше вишокот на тежина, јас настојував да ја решавам со храна и дополнително зголемување на килограмите. Но, никогаш до пред десетина месеци не помислував дека еден ден сето тоа мора да заврши, а да се плати данокот за истото.

 

Иако моето семејство и блиските, честопати знаеја да ми речат дека е време да се промени нешто, за да не се продолжи со дополнитено зголемување на тежината, добивав разни препораки за диети, хемикалии и слично, јас им возвраќав со лутина.

Хроно исхрана

Еден ден, 30 април, 2017 година, од моја блиска познаничка бев додадена во групата „Хроно исхрана“. На прв поглед помислив каде сум залутала и зошто пак ме тромозат со вакви групи во кои сите можат да ослабнат освен јас. Почнав со разгледување на статиите за исхраната и навидум ми изгледаа лесни, примамливи и вкусни. Си реков, па зошто да не!

Првите два дена иако скоро половина од правилата во комбинациите на храната не ги бев разбрала сепак се обидував да водам некој рестриктивен период. Но, од 3 мај со комплетно научени и разработени правила започнува мојата хроно приказна.

Меѓутоа, бидејќи се познавав себеси, знаејќи дека сум голем скептик и дека кога ќе наидам на првата препрека ќе се откажам, јас решив одлуката за диета поточно ваквиот начин на исхрана да го споделам со моја многу добра другарка, на која и ветив дека ќе направам се за да ги видиме придобивките, а знаев дека ветениот збор секогаш го исполнувам.

Во групата „Хроно исхрана“ бев изненадена од љубезноста и добриот пречек со решавање на сите прашања на новите и веќе постоечките членови. Сето тоа најчесто го реализираа координаторите, па и членовите кои имаат веќе подолгорочно искуство. Пребарувајќи низ групата честопати ги гледав нивните успеси, потајно мечтаев да имам успех и еден ден и јас да бидам мотивација некому, но еден дел од себе не веруваше дека тоа може да се случи некој ден.

Деновите минуваа, минуваа месеците и јас успевав!!! Мојата тежина одеше надолу, а денес јас сум полесна за 30 килограми. Огромната поддршка од моите блиски, семејството и членовите на групата, најмногу придонесоа за мојот успех.  Мојата најдобра одлука досега во мојот живот е започнувањето со хроно исхраната кој веќе стана мој начин на живот. Овде мојата хроно приказна не завршува, ќе продолжи да трае уште многу долго.

Кога најголемиот скептик успева и го добива деценискиот “спор” можете и вие .




Коментари

коментари