4 идеи за празнични party фризури

Кога се во прашање празничните забави тогаш малку екстраваганција е секогаш добредојдена, всушност тогаш е вистинско време да отстапите од комфорт зоната и да пробате нешто ново со кое нема да поминете незабележани. Празничните забави се идеален почеток на новите трендови, во продолжение ви претставуваме 4 тренд фризури од познатиот стилист Matt Fugate кои ќе направат да изгледате како вистинска тренд кралица.


1.
Наместо класичната коњска опашка овој пат поделете ја опашката на неколку волуменозни “меурчиња” со тоа ќе добиете гламурозна фризура директно црвениот тепих.


2.
Наместо класична пунџа овој пат издвојте неколку праменчиња и обвиткајте ги едно со друго, на крајот завртете ги околу во пунџа и зафатете ги сонсигурносни иглички. Според примерот на класичните холивудски диви.


3.
Половина од косата зафатете ја на врвот на главата. Не мора да изгледа совршено, колку повеќе текстура толку подобро. Остатокот оставете го пуштен и од страните ставете неколку иглички во металик нијанси.. Ова е моментално најжешкиот тренд кај фризурите.


4.
Кога мислиме на луда disco забава, мислиме на разиграни волуменозни локни. Ова е една од најидеалните фризури за ваква пригода. Тие ќе направат да изгледате младо и впечатливо.
Оваа фризура совршено би одговарала со светкав choker и фустан со голи рамена.



Коментари

коментари