4 начини да го употребите кафето за поубава кожа и коса

Кафето може многу да помогне во вашата рутина за разубавување, од нега на лицето, до негата и разубавување на косата. 

Зошто кафе? Ја збогатува вашата кожа со антиоксиданти, а кофеинот ја штити од штетните ултравиолетови зраци и помага во справувањето со оштетената кожа. Има моќи да го намали стареењето и ја прави кожата да изгледа младо и мазно, а исто така помага и во намалување на целулитот.

Пилинг на лицето

Пилингот е важен за отстранување на мртвите клетки на кожата и таа да биде чиста и мазна. Употребата на домашен пилинг ќе ви помогне за сувата кожата. Измешајте 8 супени лажици кафе, со иста количина на кафеав шеќер и 60 милилитри маслиново масло. Направете паста која ќе ја нанесете на лицето. Оставете ја смесата половина час па потоа измасирајте го лицето со циркуларни движења. Измијте со вода и нанесете хидратантен крем за лице.

За осветлување на лицето

Израмнете го тенот, справете се со дамките, а истовремено лицето ќе ви биде затегнато и меко со овој третман. Измешајте две лажици кафе со две лажици мед и две лажици јогурт. Нанесете на лицето и оставете еден час, па потоа измијте со вода. Ја потхранува кожата, ги намалува порите и ја хидрира истовремено.

За раст на косата

Кафето ја омекнува и и дава сјај на косата. Најдобар начин да ја третирате косата со кафе е преку маска за коса. Направете смеса од 1 лажица кафе со две лажици маслиново масло. Количината може да биде различна во зависност од густината и големината на вашата коса. Нанесете и оставете од 15 до 30 минути, а потоа измијте.

За сјај на косата

Одлична течност за измивање на косата која ќе ви даде сјај. Направете од 500 милилитри до 1 литар еспресо или друго силно кафе, оставете да се олади. Откако ќе измите со шампон и субрина, нанесете од кафете, оставете да отстои кратко, а потоа исплакнете.




Коментари

коментари