4 прашања со Петар Лазаров: Дали секој може да биде добар продавач?

Петар Лазаров е ко-сопственик на МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ, маркетинг и продажен консултант, автор и 3та генерација обучувач. Еден од главните виновници за успехот на Mama’s ајварот, и книгата Tip of the week. Има долгогодишно искуство во продажбата кое го споделува со сите што имаат желба да научат. Пред да почнеме со учење, му поставивме неколку прашања за да видиме што можеме да очекуваме од неговата обука во Brainster.


1. Кој е првиот совет што би им го дал на почетниците во продажба?

Најважно е да ја сакаат својата работа, да ја сакаат продажбата и да знаат дека не е книга што може да се прочита. Таа е постојан процес на работа, развој и инвестирање на своето време, енергија во постојана надоградба. И нормално, да не се откажуваат. Но, баш и за тоа откажување (зошто и како се случува) ќе зборуваме на оваа обука. Затоа ги поканувам сите заинтерсирани да дојдат и разменувајќи искуства да навлеземе длабоко во суштината на продажбата.

2. Дали важат истите правила за продажба кога се работи и за дигитална комуникација?

Кога зборуваме за продажба, основите се исти без разлика дали станува збор за директна, индиректна, дигитална, он-лајн итн. Од друга страна, секако дека во зависност од медиумот преку кој таа се ефектуира, има некои свои особености и разлики. Но, во суштина ако вие ја познавате продажбата како систем/методологија, без разлика на медиумот или типот на производ, ќе бидете успешни што и каде и да продавате. Основата на продажбата е едноставна и јасна. Како да им помогнеме на нашите купувачи да го направат за нив најдобриот избор и како нашиот производ/услуга ќе им го реши нивниот проблем. Што се случува во процесот и на кој начин ние тоа ќе го имплементираме, тоа се веќе варијации на темата.

3. Кој ќе најде најдобра примена на вештините од обуката?

Кога зборувам за продажба, се шегувам дека секој е подобен да присуствува на обука за продажба. Ние секој ден продаваме (уште од 3 годишна возраст), дали на нашите пријатели, партнери, колеги, родители, несвесни за тоа. Истите правила што важат за продажба кон некој клиент, важат и за било која “продажба” во личните односи. Сепак, најквалификувани се оние што се директно засегнати со продажбата. Оние кои комуницираат со клиенти, или се во првите борбени редови во своите компании и се задолжени за правење профит. Продавачи на производи, услуги, директно изложени кон клиенти, индиректно, сопственици на мали и средни компании и сите други кои имаат било каква допирна точка со продажбата.

4. Која е најважната работа што ќе научиме?

Да ја гледаме продажбата од една друга преспектива. Продажбата не е само техники, алатки и вештини. Таа е многу подлабока. Тука се емоционалниот и вредносен систем на продавачот и на купувачот. Минувјќи низ чекорите низ кои поминуваат продавачот и купувачот во самиот процес на продажба, ќе ги опфатиме главните аспекти на продажбата и ќе влеземе во чудесниот свет на потсвеста, и што е она што не тера да правиме или не одредени акции и постапки.




Коментари

коментари