5 beauty трикови кои морате да ги знаете

Со цел да ви ја олеснеме секојдневната beauty рутина, ви претставуаме 5 трикови кои можеби сте ги заборавиле а со чија помош шминката ќе ви издржи во текот на целиот ден.

1.Користете камена пудра или пудра во прав за да ги матирате сјајните делови
Многу жени кои го имаат овој проблем знаат за овој трик. Доколку имате масна т-зона носете со себе во вашата ташна камена пудра или пудра во прав па така ќе можете да ги корегирате масните делови од лицето во секое време.

2.Немојте да го користите коректорот за лице како база за сенка
Со тоа нема да доборте ништо повеќе од само непотребни слоеви кои ќе направат вашата сенка да се разлее, размачка и избледи. Коректорот е наменет да ги покрие недостатоците на кожата и притоа да се слее со кожата, а тоа на вашите очи ќе изгледа ужасно. Постојат посебни козметички производи наменети како подлога за нанесувањето на сенката.

3.Изберете добра четка за совршена покривност
Ве советуваме да ин естирате во квалитетна четка за лице со која ќе ја нанесувате пудрата а таа ќе ви овозможи рамномерно прекривање и изедначување на пудрата со тенот и ќе направи таа да трае цел ден. Популарните сунѓери за нанесување за пудра не можат да ви ја обезбедат потребната подлога бидејќи впиваат голем дел од продуктите.

4.Идеален туш за очи
Праксата е клучот па затоа пробајте ги сите варијанти се додека да ја пронајдете онаа идеалната за вас. Со мека или тврда четка, во вид на фломастер, онаа која вас најповеќе ви одговара.

5.Сенки за очи во вид на молив
Сенките во палета понекогаш умеат да бидат доста проблематични за нанесување бидејќи некои од нив се ронат. Затоа сенките во вид на молив се идеален избор бидејќи се кремасти и овозможуваат прецизно нанесување. Нанесете малку на капакот и со помош на прстот или меко четче размачкајте и ќе добиете совршен smokey eye без многу неред.




Коментари

коментари