5 бои на кармини кои ќе доминираат во 2018

Бојата, како текстура на карминот и не е најважна во одредувањето на трендот, туку техниката на нанесување. Како правилно да го нанесете карминот оваа сезона, како и на што да внимавате и каков ефект се постигнува со тоа, се клучните прашања на кои ќе се задржиме.

Овие совети не претставуваат само трендови, туку и безвременски добри совети.

Месо боја кармин

Со нанесување на кармин кој има слична нијанса како бојата на вашите усни, ќе постигнете природен ефект, но сепак ќе ги нагласите усните со тапкање на карминот и замаглување на рабовите. Тој заматен ефект е навистина популарен и е сосема поинаков од совршено исцртаните усни – на овој начин се внесува природност во изгледот.

@emrata ⭐️⚡️

A post shared by Hung Vanngo (@hungvanngo) on


Совршено исцртани усни

За да се постигне овој изглед, потребно е убаво наострен молив за усни и кремаст или сјаен кармин во комбинација со хајлајтер. Поентата е во тоа што со хајлајтерот уште повеќе ќе се нагласат усните и ќе добијат на волумен. Овој трик е стар, но секогаш ефикасен.


Жешка црвена

Црвената боја е актуелна секоја сезона и е апсолутна класика меѓу боите на кармини. Така и оваа сезона ќе се носат неколку нијанси на црвено, меѓу кои се истакнува жешко црвената нијанса со примеси на портокалово, но вистинскиот ефект се постигнува во комбинација со чисто лице, на кое се нанесува само пудра. Добивате елегантен, опуштен и секси изглед.


Праска боја

Од сите „nude“ нијанси, најатрактивна за оваа сезона е онаа во боја на праска, која додава доза на топлина на лицето. Без разлика дали ќе нанесете сјајна или мат текстура, одлично ќе одговара на сенки со појаки нијанси на бои или со светки.


Сјајни усни

За крај ги споменуваме сјајните усни. За да се постигне тој изглед, сјајниот кармин може да го нанесете директно на усните или пак најпрво да ставите некој кармин во боја и одозгора да нанесете сјај. Освен што овој ефект е неверојатно секси, идеално го надополнува и трендот на сјајна кожа.




Коментари

коментари