5 фустани кои секоја дама треба да ги поседува

Без разлика кој стил го преферираме, сепак секоја од нас од време на време сака да облече фустан.

Дури и да не сме типична дама со женствен, елегантен стил постои нешто што ни прави да се чувствуваме неверојатно кога ќе облечеме фустан кој совршено ни одговара.

Од таа причина за вас одбравме 5 есенцијални модели на фустани кои секоја модерна жена би требало да ги има во својот плакар.

Никогаш не знаете кога ќе се појави прилика во која треба да го извадите малиот црн фустан или оној секси slip фустан во кој нема да останете незабележана.

# Малиот црн фустан

Овој фустан е вашиот најдобар пријател особено кога ќе го пронајдете совршениот за вас.

# Макси фустан

Многу од нас не ги сакаат овие фустани бидејќи многу често не се изработени од добар материјал.

Но, ако инвестирате во квалитетен макси фустан тој ќе ви се исплати бидејќи долго ќе ви трае и секогаш кога нема да знаете што да облечете ќе се фатите за него.

 

# Секси slip фустан

Овој тип на фустани се неверојатно секси и совршени за романтичен состанок.

seksi-slip-fustan-03

# Впечатлив фустан

Секоја дама во својата колекција треба да додаде по еден ваков фустан со кој ќе остави посебен впечаток. Тоа може да биде фустан со интересен дезен, крој или боја.

# Свечен фустан

Иако повеќето од нас не одат често на свечени настани, сепак кога ќе добиете покана за еден таков ќе бидете благодарна што имате таков фустан во својот плакар.

Тоа може да биде едноставен коктел фустан од луксузен материјал или вистинска тоалета.

svecen-fustan-05

 




Коментари

коментари