5 генијални начини да чистите помалку, а подеднакво ефикасно

Постојат начини чистењето да биде полесно и побрзо и да не ви одзема толку време. Малите промени можат значајно да ви го олеснат секојдневниот живот…

Чистење на кауч или софа

Наместо да поминете еден час во чистењето на ткаенината, во шише со распрскувач ставете децилитар вотка или ракија и испрскајте ја гарнитурата. Оставете ја така 15 минути за да испари алкохолот и потоа пребришете. Гарнитурата ќе изгледа како нова.

За бришење прашина искористете ги старите чорапи

Нема потреба да користите крпи за бришење прашина. Земете неколку стари чорапи, ставете ги на рацете и попрскајте ги со малку спреј против прашина. Можете и малку да ги навлажните, а може да бришете прашина и со сува крпа. Со рацете поедноставно ќе ја избришете прашината и ќе допрете и до најскриените делови кои инаку тешко се бришат.

Вентилатор

Вентилатор на таванот можеби е добра идеја во текот на летните месеци, но за чистење честопати знае да биде напорна задача. Наместо влажна крпа, искористете стара перница. Навлечете ја перницата преку пропелерот и полека тргнете ја перницата од него. Избришаната прашина ќе остане во перницата, а не на подот или на вас.

 

Туш кабината веќе не е проблем

Секогаш кога се туширате, наместо да стоите под тушот и да чекае да ви се впие регенераторот, земете чиста крпа и на неа ставете малку сапун. Набрзина исчистете ги стаклените површини и плочките. На овој начин ќе го спречите насобирањето на нечистотија и остатоците од сапунот во туш кабината.

Ова е лесно и брзо, а доколку ви пррасне во навика, веќе никогаш нема да трошите еден час во отстранувањето на бигорот и стврднатиот сапун од туш кабината.

 

Тепих

Наместо напорното и детално чистење на тепихот (кое може да потрае ден-два), доколку забележите дека тепихот ви е нечист, истурете сода бикарбона и оставете да делува 10 минути. Потоа поминете го тепихот со правосмукалка и ќе изгледа како нов.




Коментари

коментари