5 куќи во природа кои нудат целосно бегство од реалноста

Во долината западно од Халдсбург, во САД, создадена е оваа прекрасна изолирана куќа, изградена од  Malcolm Davis Architecture. Целта била да се спојат внатрешната и надворешната средина заедно и да се создаде куќа која им овозможува на своите домаќини да се чувствуваат поврзани со нивната околина и со природата воопшто, истовремено уживајќи во сета удобност на модерниот дом. 

Ова е студио за пишување создадено од FLOAT Architectural Research and Design изградено во 2008 година во Орегон, САД. Лоцирано сред природа, опкружено со густа вегетација, е совршено место за професор – философ кој доаа тука за да пишува и да ужива во звукот на капките дожд кои паѓаат на покривот.

Ретко која куќа е толку изолирана. Kolman Boye Architects ја изградиле оваа куќа за семејство кое сакало неверојатни погледи и никакви соседи. Лоцирана блиску до поларниот круг, се наоѓа на островот Вега, со поглед на блиските планини и Норвешкото Море. Има две нивоа, горно со спални и долно каде се наоѓа дневниот семеен простор.

 

Наречена Sugar Gum House е уште една шармантна изолирана куќа, посебна и со интересна приказна. Таа е проект на Rob Kennon Architects и е лоцирана во Лорн, Австралија, на работ на крајбрежјето Бас Стрејт, во подножјето на ридовите што ја поврзуваат областа со плажата. Куќата служи како овчарска и сточарска фарма и ја заменува 34-годишната колиба што се наоѓала на оваа парцела. 

 

Кога си опкружен со неверојата природа сакаш да ја искористиш целосно. Тоа значи високи стаклени ѕидови, а оваа нетипична структура е нешто измеѓу традиционалната градина и зелената куќа. Дизајнирана е од архитектката Linda Bergroth  и се наоѓа во Финска, зафаќа само 4 квадратни метри простор.




Коментари

коментари