5 Причини зошто да волонтираш во Црвен Крст

Барате промена во вашиот живот? Сакате да бидете корисни за ова општество? Сметате дека можете да го потрошите времето попродуктивно? Тогаш волонтирањето во Црвен Крст е идеалната опција за вас, а еве и зошто!

index

1. Не одзема премногу време

Без разлика на тоа дали имате на располагање еден час или целиот ден е пред вас, секој може да има мал удел во подобрувањето на функционирањето на организацијата Црвен Крст. А со подобрувањето на самата организација, всушност помагате и во подобрување на општеството и се што се наоѓа околу вас. Самата цел на волонтирањето во Црвен Крст е да се направи позитивна промена во животите на најзагрозените во вашето општество и ширум светот.

crvenkrst

2. Чувството е непроценливо

Убаво е чувството кога добивате подароци, но уште поубаво е кога дарувате. Затоа, подарете дел од вашето време. Со самото тоа дека сте му помогнале некому кој има помалку услови и среќа во тој момент од вас, всушност во истиот момент станувате побогати. Секој може да ја разбуди хуманоста во себе – дали тоа ќе биде преку раздавање на старите парчиња алишта, преку донирање крв, помагање при организирање на некој од многуте хуманитарни настани и слично.

index

3. Секогаш имате нешто ново да научите

Нешто исклучително воодушевувачки во врска со оваа организација е тоа што тие секогаш нудат можности да научите нешто ново и да развиете нова вештина – давање прва помош, презентирање во полна просторија, подобрување на комуникациски вештини и слично. Освен тоа, вашето ниво на самодоверба и перспективите кои што ги имате за животот одат кон нов, позитивен правец.

index

4.Доделување на награди коишто ќе го признаат вашиот труд

Секако дека вие не волонтирате со цел да добиете награда, но никој нема да има штета од добиена пофалница која што ќе го потврди вашиот труд. На тој начин, општеството ќе биде помотивирано и поттикнато да аплицира, и можеби еден ден да се најде на свечената церемонија каде што јавно ги доделуваат наградите. Сон!

images

5. Изгледа убаво на вашето CV

Работодавачите се секогаш ипресионирани од нивните вработени коишто се истовремено активно вклучени во светот околу нив. Црвениот Крст е една од најпочитуваните и најдобро прочуени добротворни организации. Па така, ваше земено учество при организацијата ќе ве издвои од толпата.

index

 

 




Коментари

коментари