Категории

5 совети како да бидете дама која секој маж би ја посакал

Секоја од нас сака да биде посакувана и секоја од нас сака да го воодушеви машкиот свет.

Постојат добри жени и жени кои се добри за врска. Овие вторите секој маж ги посакува. Па ако сакате да бидете меѓу нив, овие совети се дефинитивно за вас.

# Смирете ја својата “луда“ страна

Мажите сакаат да кажат дека жените се луди. А жените секако дека се лутат кога ќе слушнат такво нешто бидејќи тоа не е точно.

Затоа целта е да ја надминеме потребата од избувливи и “луди“ реакции и да се трудиме да реагираме колку што е можно посмирено.

Тоа не е лесно да се постигне, но кога ќе успеете ќе бидете подобра личност.

# Престанете да размислувате за тоа што тој размислува

Истражувањата покажуваат дека мажите размислуваат многу помалку од што жените мислат.

Проблемот се појавува во моментот кога се обидуваме да дознаеме што тој размислува па во главата создаваме сценарија кои се целосно погрешни.

# Мислете на своите потреби

Сите ние имаме свои потреби, но многу од нас кога ќе влезат во врска забораваат на нив и се вртат само кон остварување на неговите потреби.

Тоа на мажите им е напорно, а кај жените се појавува чувство дека нивниот партнер не се грижи за нив. Гледате каде се појавува проблемот, нели?

# Борете се за себе

Ако мажот е безобразен и прави нешта кои не ви одговараат најлошо е да се преправате дека се е ок.

Човекот кој ве сака, мисли и на вашата среќа, па затоа драги дами таков не ви е потребен.

# Дајте му шанса да објасни

Добрите девојки/жени му даваат можност на својот партнер да ја објасни својата грешка, а останатите викаат и не ги интересира оправдувањето.

Прегледи:
289
Ознаки:
· · ·
Објавено на:
24.06.2016