Категории

6-те најдобри бои за маникир во 2016 година

Убавите и уредни нокти отсекогаш биле пример за целосен и совршен изглед на секоја дама, бидејќи токму негата на ноктите може многу да открие за навиките на една жена. Затоа, не е ни чудно што од сезона во сезона се посветува големо внимание и на трендовите кои се однесуваат на правењето маникири.

Освен самиот начин на обликување на ноктите, во центарот на вниманието се и боите кои ќе бидат актуелни во текот на оваа година. Тие се соопштуваат од страна на експертите за убавина и нега, а вие имате шанса да прочитате кои нијанси на бои ќе бидат модерни во 2016-тата.

1. Тегет нокти

2

Ноктите во тегет боја не претставуваат никаков новитет кога станува збор за трендовите на маникир, но оваа година тие ќе го добијат своето надградување. Таа надградба се огледува во воведувањето светки во истата боја, со што се добива една нова, посјајна нота. Независно дали ќе се одлучите за класични тегет нокти украсени со детали во форма на светки или светкав лак во тегет боја, не пропуштајте ја шансата и оваа година да бидете во тренд.

2. Темно беж нокти

3

Оставете ги бледите и нежно розови бои на лакови за нокти, бидејќи оваа година најактуелни се меките кремови и беж тонови кои беа модерни во 70-тите години на минатиот век. Како што модата секогаш се враќа, така и беж ноктите ќе бидат атрактивен детаљ за секој изглед, особено ако се одлучите за потемни тонови на овие бои.

3. Јаглен сиви нокти

4

Темно сивите нокти со боја на јаглен ќе бидат голем тренд оваа година. Но, станува збор за тренд кој не е за секого, а кој не претставува ниту целосно атипичен избор за денешната девојка, па ќе биде одличен избор ако сакате да бидете смели, поинакви и да експериментирате со детали кои го дополнуваат вашиот стил.

4. Црвени нокти

5

Класиката се враќа на сцената на убавината и оваа година, па една од најзастапените бои за маникир е токму црвената. Женствена, впечатлива и модерна, класичната црвена боја за нокти е идеална за секоја девојка која сака да остави впечаток на вистинка дама, а одлична е и за ладните зимски денови, кога совршено ќе се вклопи со белиот снег.

5. Металик сребрени нокти

6

Металик ноктите продолжуваат да бидат тренд и оваа година, додека меѓу нијансите кои ќе бидат актуелни, секако, доминира сребрената боја. Затоа, не ја пропуштајте шансата и оваа година да направите маникир во металик сребрена боја, која можете да ја носите во секакви прилики и временски услови.

6. Нежно зелени и тиркизни нокти

7

Прегледи:
694
Објавено на:
21.01.2016