„Ние не сме херои“

35503a5bdfb1179f25942bccccd2ef74Сеуште ме прогонуваат
сенките на болните души
кои не успеав да ги љубам.
Ги слушам како вриштат
и го проколнуваат моето име.
И не сакам да живеам со вина,
но ние не сме херои
не можеме да бидеме повеќе од само
души жедни за малку блискост..
Не можеме да бараме премногу,
не смееме да бидеме толку скржави.
Не можеме да очекуваме
другите да имаат чувства за нас
само затоа што
ние имаме чувства за нив..
Не, не смееме да сме толку сурови!

– Кукла од Памук
https://www.facebook.com/kuklaodpamukblog
http://kuklaodpamuk.blogspot.com




Коментари

коментари