Категории

7 парчиња за декорација кои му се потребни на секој дом

Домот е одраз на нашиот стил, иако треба да биде функционален и практичен, сепак неопходни се детали кои ќе го направат уникатен и шик. 

За да ја добие топлината мора да има парчиња мебел и декорации кои ќе бидат одраз на вашиот карактер, сувенири од патувања или предмети кои сте ги напраивиле сами, но ова се 7 парчиња за декорација кои мора да ги има секој модерен дом.

Парче уметност

Безразлика за какво парче уметност станува збор, најдете нешто што навистина ви се допаѓа, дури и евтина слика урамена може да изгледа интересно.

Креативно место за складирање

Место за седење, но и место за складирање. Па уште и уникатно и раскажува своја приказна…најдете го ова парче мебел.

Впечатливо парче мебел

Може вашиот дом да не биде како од списанијата, но сепак треба да имате едно парче мебел кое никој ќе не може да го одмине. Размислувајте надвор од нормалното, а сепак пронајдете парче кое хармонично ќе одговара на вашиот дом.

Шик кафе масичка 

Минимализмот беше прилично актуелен, но домот сака ведрина и топлина. Вметнувањето различни стилови во декорацијата на домот е прав погодок.

Мебел во неутрална боја

Ќе ви озможи да играте со различни стилови и бои со остатокот од домот, нудејќи ви хармоничен и стилски дом.

Уникатна черга

Крзнрна или не, неутрална  или шарена. Во зависност од ентериерот одберете нешто интересно.

Место за пијалоци

Ретро масичките за пијалоци се навистина актуелни. Пијалоците ќе ви бидат при рака следниот пат кога ќе ве посетат пријателите, а воедно вашиот дом ќе изгледа шик.

Прегледи:
483
Објавено на:
02.02.2018