7 први места за Македонија на меѓународен танцов натпревар во Врњачка Бања

Одлични седум први места за студиото за танц Studio Dansa Latina Stefi од Скопје, на меѓународен танцов натпревар во Врњачка Бања кој се одржа минатиот викенд. 

Талентираните млади танчери на возраст од 8 до 14 години имале 9 настапи во повеќе категории латино танци, а дури седум пати се закитиле со првото место, а освоиле и едно второ и едно трето место. Танцовото студио Studio Dansa Latina Stefi често настапува на домашни и странски натпревари, а во студиото деца од 4 до 15 години учат да танцуваат латино танци, балет, хип хоп, што е одлично хоби за младите бидејќи има учење нови нешта, физичка активност и пред се, забава.




Коментари

коментари