77 ГОДИНИ ЖИВЕЕ БЕЗ МАЖ: Откриена е тајната на долговечниот живот!

Италијанката Ема Морано,за која се верува дека е најстариот жител на Европа и пета личност на светот, изјавува дека после првиот брак одлучила да остане сама и тоа е она што и помогнало да доживее 115 години живот, а веќе 77 години живее без партнер.

Освен ова, добила и препорака од нејзиниот доктор секој ден да јаде по 3 сирови јајца.

Во интервју за магазинот “La Stampa“, Ема ја објаснила својата дневна исхрана која вклучува, бисквити и млеко или вода за појадок, јајца и тестенини со месо за ручек и само чаша млеко за вечера.

Но, Ема како свој адут ги има и добрите гени, затоа што едната нејзина сестра доживеала 102 години, а другата 99 години.
За одлуката да остане сама после првиот брак, таа објаснила дека не сакала некој повторно да доминира над неа.




Коментари

коментари