Категории

8 работи кои никогаш не треба да ги правите во теретана

Топлите денови ни се тука, а тоа е потсетник дека летото доаѓа и за многу луѓе тоа е мотивација да започнат да спортуваат со цел да ги избришат зимските „гревови“.

Теретаните се полни, а луѓето често не внимаваат на своето однесување и со тоа влијаат на околните вежбачи. Па така, кои се работите кои не треба да ги правите во теретана?

1. Не ја оставајте справата или опремата испотени

Нема ништо лошо во тоа да се потите додека вежбате, природно е и здраво, но паметно е да ја пребришете справата откако ќе завршите со нејзиното користење.

2. Не ја окупирајте опремата доколку не ја користите

Секогаш има луѓе кои онака си седат на опремата, додека другите стојат настрана и чекаат. Бидете внимателни, не е коректно спрема останатите да го правите тоа.

3. Телефонски повици и гласна музика

Едни од најиритирачките работи во теретана се луѓето кои имаат долги и гласни разговори на телефон, а исто во таа категорија спаѓаат и луѓето кои слушаат музика гласно што се слуша дури и преку слушалки.

 

4. Справите се за сите

Во градинка не учеа дека играчките се за сите, па така и во теретана. Не останувајте 2 часа на лентата за трчање доколку гледате дека има и други луѓе кои сакаат да ја користат.

5. Оставање тегови насекаде

Оставањето на тегови каде ќе стигнете, само создава хаос. Теговите стојат на одредено место и во одреден ред, доколку сите ги користат правилно нема да има проблеми.

6. Да им создавате притисок на другите вежбачи

Да користите една справа 60 минути е некултурно, но исто така е некултурно да стоите пред луѓето и да им го давате „побрзај“ погледот.

7. Доцнење

Не доцнете. Безразлика дали имате групен фитнес час или приватна сесија со тренер, не е во ред да се доцни. Доколку имате оправдана причина, бидете внимателни при пристигнувањето да не го нарушувате редот во групата.

8. Соблекувалната не е ваша приватна бања

Понекогаш има луѓе кои парадираат голи наоколу и им прават на другите да се чуствуваат непријатно, а има и луѓе што се задржуваат премногу долго во тушот и остават неред. Иако можеби вас не ви пречи, почитувајте ги останатите и средете го нередот кој сте го направиле.

Прегледи:
440
Категории:
Здравје
Објавено на:
04.04.2017