А дали желбата е доволна нешто да се повтори?

largeВечер. Небото свети, преполно со ѕвезди. Секоја си има свој сопственик на кој му исполнува желби. Камо ѕвездите да исполнуваа желби и камо желбите замислени гледајќи во ѕвездите да беа вистина. А маж ли е тој што го буди сеедното во една жена? Мирно ли спиете кога знаете дека нејзините очи светат како стакло? Мирно ли спиете кога знаете дека сте причина за таа да го дочека утрото гледајќи во ѕвездите со очи полни надеж? Се поминува, се е пролазно, таа ќе заборави кој ја смеел ама нема да заборави поради кого ноќите ги поминувала будна до пладне.
Таа беше лоша девојка, поради тоа сите ги привлекуваше. Излезе на балконот ноќта после две години од кога немаше никаква трага од него. Имаше дечко кој и го посветуваше целото внимание нејзе, дечко што ја сакаше од тука па до ѕвездите. Седна на лулашката и запали цигара. Гледаше долго време во нив, беше среќна ама нешто и фалеше. Гледајќи во ѕвездите срцето и прескокнуваше удари. Ја здогледа најсветлата, најубавата ѕвезда, ѕвездата каде што ја носеше некој од минатото. За момент ги затвори очите и го врати времето наназад, посака само 2 години да се врати. исто како во приказните. Посака се да биде како порано, сите желби и се појавија пред очите, сите желби што и ги имаше кажувано на ѕвездата. Ама дали таа желба е доволна за нешто да се повтори? Ги отвори очите и се врати во реалноста. Ја лупна силно вратата од балконот и легна да спие мислејќи дека утрото се ќе реши. До сабајлето лежеше со отворени очи, а потоа заспа. Така секоја вечер. По некој месец седејќи на балконот доби порака која гласеше: “Денеска е 12ти мај 2014 а ти сеуште не престана да бидеш причината поради која не заспивам 2 години, мала моја”. Скокна брзо од лулашката и се симна по скалите за 2 секунди. Ги стегна патиките и отрча брзо пред неговата зграда. Се беше темно, беше доцна, само еден прозорец светеше, неговиот. Рече “што правам јас тука, будала” , се сврте и тргна да си оди. Тогаш некој од позади ја фати силно нејзината рака и ја праша ” каде ќе одиш мала моја?” Срцето како за момент да и застана. Стоеше долго време така, а потоа пополека се сврте. Ете го. Ја држи за рака после 2 години, ја држи силно и ја гледа со очи полни љубов. По образите и света солзи, радосници ли беа, којзнае. Стоеше така долго време а потоа слушна тивок глас: ” Ќе дојдеш со мене да и кажеме на нашата ѕвезда дека сакаме да го освоиме светот заедно?”, а потоа го гледаше како стои со подадена рака кон неа. Го фати со двете раце за вратот, а тој неа за половината. Го гушкаше силно, па и пресилно за женска сила. Ја крена во раце и ја однесе на клупата каде што се започна. Молчеа. Цела ноќ до утрото, гушнати гледајќи ја нивната ѕвезда. Тогаш и рече на ѕвездата :”Дозволи ја и мојата малечка заедно да го освоиме светот, и да го довршиме она што некогаш започна”. Додека зборуваше, погледа на неговите гради, ја гледаше како спие, а потоа ја однесе дома. Сабајлето станувајќи забележа венче од цветови на главата и една порака до неа, која гласеше: “Добро утро кралице моја, немој да заборавиш дека некој ја чека твојата рака , те сакаm мала моја.” Стана со насмевка на лицето ама не како оние претходните, овој пат беше искрена. Стана, го зема телефонот и се јави на човекот кој две години неизмерно го делеше животот со неа и како ништо да не било му рече дека е готово, а потоа отиде таму каде што припаѓаше. Да, желбата е доволна за тоа што навистина го сакаме,повторно да биде, доволна е ако две души заедно се борат прoтив неа, доволна е за пак да заблeска таму каде што е потребна светлина, сосема доволна.

-Искра Илковска

https://iskrichka007.wordpress.com/




Коментари

коментари