Категории

Африканските пожарникари го воодушевија светот со нивното пристигнување на аеродромот во Канада

Африканските пожарникари го воодушевија светот со нивната песна и танц кои го изведоа на аеродромот во Fort McMurray, Канада.

Јужно Афричката република испрати 281 пожарникар да помогне во справувањето со пожарите во природата кои дивеат во Канада. Нивното пристигнување ги занеми сите, покажаа неверојатна сплотеност, љубов и енергија.

Танцот и песната се начин на сплотување за нив, за запознавање и зближување. Помага за подобрување на тимската работа, а во тешките моменти на справување со пожарите, секогаш помага песната.