Акните и стриите на овој модел не беа нашминкани, со што се испраќа моќна порака

Овој модел инспирира сите да ги надминат несигурностите и да се прифатат себе си.

Моделот Ниа Петит е дел од кампањата на брендото Aerie, а позирајќи во костим за капење таа не ги крие акните на својот грб и стриите, баш напротив со насмевка на лице позира, свртувајќи го вниманието на нејзината енергија за разлика од „несовршеностите“ кои се секојдневие кај секоја жена.

American Eagle и неговиот подбренд Aerie во нивните рекламни материјали се почесто имаат неретуширани модели, а тоа наиде на пофалба и позитивно влијание на моделите, како и на нивните потрошувачи.

Моделот Ниа во пост на инстаграм ја раскажува нејзината лична приказна, како се борела со акните од најмала возраст „Секогаш се срамев од мојата кожа и ја покривав со шминка“ раскажува таа, „Сега, покрај се тоа ќе бидам низ цела Америка со моите линии љубов“.

 

I remember when I was 7, acne started to show on my face and I used to get bullied in school all the time about it. It didn’t go till I was 17 but by that time it had spread onto my back. I used to be so self-conscience. I remember going to a party and wearing this cute dress but I had to find a sweater to put on over it because it showed my back. Then when my lil cakes decided to show, wearing bikinis was never a thing. I would always cover up and feel ashamed of my skin. In changing rooms, I’d always deter from looking too intensely at myself or I’d end up pointing out every single flaw on my skin. I’ve had family members emphasise it to me at occasions and it took me so long to finally embrace and accept it. Yet, despite all of that I am now about to be all over America with @aerie flaunting my lines of love. If you have them, ROCK them. Look in the mirror the next time you get dressed and tell every stretch mark and every acne scar that it is a part of the magic that makes you, you. Wear that dress without worrying about what people will think. Wear that bikini without hesitation. You got this baby girl. You got this Queen. ?? #NiaTheLight #AerieReal cc: @alimitton

A post shared by Nià The Light (@niathelight) on

Кога Aerie и понудиле на Петит да работи со нив таа била нервозна, знаела дека тие не ги обработуваат фотографиите на  моделите и била несигурна околу своите несовршености. Раскажува како постојано се извинувала за нејзините акни и стрии, но тимот со кој работела ја увериле дека тоа е нормално и нема од што да се срами.

 

По објавувањето на фотографиите добила многу пораки од девојки на кои им влијаела да облечат бикини и да не се срамат од своето тело, вели дека особено среќна што имала позитивно влијание во животот на многу луѓе, а се надева дека и многу други ќе имаат храброст да го сторат тоа.

 

 




Коментари

коментари