„Ако можам јас, можете и вие“: Девојка тешка 120 кг ослабела 55 кг и сега инспирира на Instagram

Девојка, која на 21 година тежела 120 кг, успеала да ослаби 55 килограми и сега инспирира многу лица кои имаат проблем со тежината.

02

Кејт Рајтер започнала нагло да се дебелее откако се запознала со својот сегашен свршеник Ник Џонс. Во секоја година помината со него, 25 годишната Австралијка качувала по 10 кг, бидејќи се чувствувала удобно во својата кожа.

„Кога го запознав Ник имав 80 кг. Тој исто како мене беше љубител на храна. Ник ме сакаше токму онаква каква што бев и брзо ми стана удобно со него. Навечер најчесто купувавме брза храна за дома и јадевме лижавчиња и чоколадо додека гледавме ТВ на каучот. Но, додека она што го јадевме не се одразуваше на телото на Ник, јас се надув. На 21 година имав 120 кг. Бев толку дебела што стоењето на нозе на работа ми предизвикуваше болка. Тогаш сфатив дека имам проблем“ – рекла таа.

03

04

05

Кејт одлучила да започне да слабее на почетокот на 2013 година и за само 7 месеци симнала 40 кг со помош на редовно вежбање и здрава исхрана. Решена да го продолжи својот напредок, таа целосно ги исфрлила брзата храна и алкохолот од својот начин на живот и ги намалила порциите што ги консумирала.

„Ми требаа 18 месеци за да ја достигнам најниската тежина во мојот живот – 65,5 кг. Успешно ја одржав тежината, но поради зголемувањето на мускулната маса и балансираниот начин на живот сега имам околу 70-75 кг“ – вели Рајтер чија цел е да инспирира што повеќе луѓе, покажувајќи им дека здравата фигура е достижна.

06

07

08

09

10

„Сè уште имам стрии, но не се срамам од нив. Ги носам со гордост, зашто тие покажуваат колку далеку сум стигнала. Сакам да инспирирам и други жени да се променат и верувајте ми, ако јас можам, можете и вие“ – додава Кејт.

13

14

15

16

17

18

„Ако мојата приказна ѝ даде сила, мотивација и охрабрување макар и на само една жена, значи вредело да ја споделам“ – пишува таа на познатата социјална мрежа, каде редовно споделува фотографии и рецепти од своите здрави оброци.

19

23

25

27

28




Коментари

коментари