АМИГОС 2.0 е тука да ги разгали скопјани со поинаков концепт и префинети вкусови

Вчера, Скопје се збогати и разубави со новиот, сосема променет концепт на Mексикански ресторан и бар – АМИГОС 2.0. Едно ново, поинакво искуство, разновидни специјалитети со врвен квалитет, ароматични вина и одлични коктели.

Амигос го разубавуваше Скопје во изминатите 11 години со својата уникатна понуда, а сега му додаде еден нов пресврт со модерен концепт и нови специјалитети.

Амигос вчера повторно ги отвори вратите и ги претстави новитетите со дегустација на одличните специјалитети и вина, одлична забава со DJ Jankonen и ресторан исполнет со многу насмеани гости. Дел од новата приказна во Амигос е и нашиот автентичен уметник Мирослав Масин, како и познатиот шеф Огненовски кој на вчерашниот настан го претстави својот нов десерт кој ќе биде послужен ексклузивно во Амигос и со кој ќе се почувствувате дека сте во ресторан со Мишелин ѕвездичка.

Обрнувајќи внимание на секој детал, од уметнички фотографии, до начин на сервирање на храната, одлична музика и романтична атмосфера АМИГОС ви нуди едно навистина незаборавно искуство кое сигурно ќе ве натера да заборавите на времето.

Новото мени покрај традиционалните Максикански специјалитети како Бурито, Тако и Начос, е збогатено и со нови вкусови. Пробајте го одлично подготвениот зачинет бифтек, свинското филе со вргањ или пилешкото со моцарела и доматен пелат.

Новото мото на Амигос, како што ќе забележите и во самите мениа е:

„Кај нас во Амигос се трудиме нашите гости да имаат незаборавно искуство уживајќи во секој автентичен пијалок и секој специјалитет подготвен со љубов и внимание. Нашиот тим секогаш ги користи најдобрите состојки во подготовка на специјалитетите создавајќи едно поинакво кулинарско искуство кое ќе ги задоволи и најпребирливите вкусови. Нема храна или пијалок кои ќе излезат од нашата кујна или шанк, а ние самите не би ги уживале.“

Доколку сакате да доживеете едно поинакво искуство, пробајте го Амигос ресторан и бар на ул.Македонија. 




Коментари

коментари