Анџелина Џоли грациозна холивудска дива на свеченост со своите деца

Анџелина Џоли присуствуваше на свеченоста по повод Correspondents хуманитарната асоцијацијата каде Џоли ја доби наградата за Глобален Граѓанин на Годината.

42-годишната холивудска дива изгледаше баш како таква во долга елегантна црно-бела тоалета која го истакна нејзиното обликувано тело. Како аксесоар избра црни долги сатенски ракавици.

Анџелина пристигна во придружба со четирите деца – 14-годишниот Пакс, 12-годишната Захара, 11-годишната Шајло и 9-годишниот Нокс, додека останатите две деца 16-годишниот Медокс и 9-годишната Вивиен ја бодреа својата мајка од нивниот семеен дом.




Коментари

коментари