Категории

Анџелина Џоли се разведува од Бред Пит поради Џони Деп?!

Како што известува “The Sun”, додека Анџелина Џоли се подготвува за развод од Бред Пит, најде утеха во неодамна разведениот Џони Деп. Блиски извори тврдат дека таа остана во блиски односи со Џони Деп, уште од 2009 година, кога заедно беа на снимањето на “The Tourist.” Анџелина му беше поддршка на Деп за време на неговиот развод со Амбер Херд.

За бракоразводната парница Анџелина ја ангажираше адвокатка, Лора Васер, на препорака на Деп.

“Анџелина од секогаш го обожаваше Џони Деп, дури и пред да ги добијат главните улоги во филмот. На снимањето се виде дека се пронајдоа. Беше гласина дека тој ја привлекуваше како маж, а во тоа време изјави дека верноста за една врска не и е од големо значење.” – рече анонимен близок извор на Анџелина.

Тие двајца очигледно останаа во контакт и разменуваа брачни искуства. Нејзините пријатели веруваат дека идејата за развод од Бред Пит дошла од Џони Деп, т.е. не се сигурни што би можело да се случи помеѓу нив, после нејзиниот развод.

Прегледи:
422
Објавено на:
27.09.2016