Категории

Анџелина Џоли станува политичарка

Холивудската актерка и режисeрка Анџелина Џоли ја изненади јавноста со изјавата дека размислува за тоа да почне да се занимава со политика, јавија странските медиуми.

– Кога се занимавате со хуманитарна работа, свесни сте дека политиката мора да биде земена предвид, затоа што доколку сакате да направите големи промени морте да бидете подготвени и да преземете одговорност, изјави неодамна Анџелина.

Американските медиуми коментираат дека по се изгледа, на политичката сцена во Америка има место за луѓето кои со политика немаат допирни точки, а по бизнисменот Доналд Трамп, на американската политичка сцена, по се судејќи, ќе зачекори и Анџелина Џоли. Весниците веќе на големо пишуваат дека актерката веќе ја ангажирала политичарката Арминка Хелиќ за да ја упати во светот за кој таа се уште не знае доволно.

Прегледи:
308
Објавено на:
16.05.2016