Анџелина Џоли величенствена на премиерата на нејзиниот најнов филм во Њујорк

Оскаровката присуствуваше во Њујорк каде ја продолжи својата турнеа по повод нејзиниот најнов филм “First They Killed My Father” во кој таа повторно ја завзеде улогата на режисер.

Анџелина заблеска во креација на модната куќа Christian Dior во деликатна нијанса која совршено паѓаше врз нејзиното тело откривајќи и го грбот и големите впечатливи тетоважи.

На премиерата таа дојде заедно со своите шест деца и во придружба на татко и – актерот Џон Војт како и останатиот тим кој стои зад филмот.

На забавата после премиерата, Џоли воодушеви во долг бел мантил-фустан и Louboutin потпетици.




Коментари

коментари