Категории

Антонио Бандерас ќе го глуми легендарниот Џани Версаче

Популарниот шпански актер Антонио Бандерас е избран за улогата на легендарниот моден дизајнер Џани Версаче.
Во трка со уште неколку познати актери тој е вистинскиот избор за данскиот директор Bille August кој ќе работи на екранизацијата на животот и делото на дизајнерот. За изборот тој изјави дека отеркогаш го обожавал Антонио како актер и како човек а кога стапил во контакт со него тој веднаш ја прифатил понудата со огромна возбуда и задоволство. Директорот веќе подолго време е во контакт со семејството Версаче и заедно работат на развивањето на сторијата, запознавањето со Донатела и патот до успехот.

Прегледи:
345
Објавено на:
15.12.2016