Категории

Апартман во Шведска е идеално место за одмор и релаксирање

За сите оние кои сакаат да избегаат од секојдневниот живот, овој апартман во шведска шума е идеално место за одмор во природа.

Станува збор за соба, со големина од 55 метри квадратни, направена од данската компанија “Випп”. Се состои само од една просторија, а гостите ги примаат на две локации и тоа во Вип Шелтер во Шведска и во Випп Лофт во Копенхаген.

Во апартманот има кујна, трпезарија и дневна соба, а има и тоалет и кревет. Во фрижидерот се наоѓа флаширана вода и шампањ, а гостите имаат на располагање и апарат за кафе.

Освен во пријатните прошетки, гостите можат да уживаат и во истражувањето на природата, а во близина се наоѓаат и пешачки патеки, како и патеки за возење велосипед.

Една вечер во Вип Шелтер ќе ве чини 1.000 евра за максимум две лица, додека цената за Випп Лофт  е 1.500 евра за максимум четири лица.