„А – З танцот“ ги лансира удобните фармерки на Дизел

„А – З танцот“ по еден танц, за секоја буква во англиската азбука. Динамично видео, кое опфаќа разни стилови на танц, од румба и бангра до твркинг. Дизел преку ова видео ја лансира маркетинг кампања за „удобните фармерки“, односно спојот меѓу фармерки и тренерки – јог фармерките(jogg jeans). Клсичниот изглед на фармерките, во нова слободна димензија, растеглив памук за да го овозможи секое движење кое ќе го посакате.

[tube]http://www.youtube.com/watch?v=JK8vVDSSXrA[/tube]

Енергичното видеото во режија на Jacob Sutton, е снимено на убавата панорама на Лос Анџелес, а во него се појавуваат новите ѕвезди кои го изведуваат танцот кој ги направил славни. Сите во видеото ги носат јог фармерките, со што сакаат да докажат дека движењето и стилот одат заедно. Ова се млади и инспиративни ѕвезди, кои се бранови на поп културата, дел се од музичките настапи на многу ѕвезди како Ријана, Фарел Вилијамс итн.

Би го одбрале ли овој удобен модел? Ние ДА!

 

 

 




Коментари

коментари