ОВАА ЖИВА БАРБИКА НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ЈА НАДМИНЕ: ВАКВИ НОЗЕ НЕМА СЕКОЈ!

Роузи Хантингтон – Вајтли за новиот број на јапонскиот “Vogue” позираше како Барбика. Носејќи модели од брендовите како што се Moschino, Dolce & Gabbana, Versace и Miu Miu, овој преубав модел уште еднаш ни покажа зошто Џејсон Статам се одлучил токму за неа.

 

Во последно време се појавија неколку девојки кои се обидуваат колку што е можно повеќе да личат на култната кукла Барбика. Но Роузи успеа да го направи тоа без особени потешкотии.

Ана Дело Русо, уредничката на јапонскиот “Vogue”, одлучи токму нејзината сличност со популарната Барбика да го овековечи во најновиот број на овој магазин.

 


Џереми Скот, кој за Moschino осмисли колекција инспирирана од најпопуларната кукла на светот, ја врати Барби повторно во мода.

Тој тренд се одлучија да го следат и многу други брендови кои креираа розова облека која патем одлично би ѝ прилегала на оваа позната кукла.


Синооката манекенка понесе повеќе парчиња облека од повеќе различни брендови како Moschino, Dolce & Gabbana, Versace и Miu Miu, додека позираше пред објективот на Џанпаоло Сгура.




Коментари

коментари