Категории

Барселона, Атлетико и Реал Мадрид во 1 бод, распоредот на овие екипи до крајот на сезоната

Синоќешниот пораз на Барселона од Валенсија ја направи трката за шампионската титула супер интересна, на пет кола до крајот првите три екипи се во еден бод.

Поради лошата форма на Барселона се стопи предноста која ја имаа каталонците пред Атлетико и Реал Мадрид, а тоа ја прави трката за шампионската титула посебно интересна.

По 33 одиграни натпревари, Барселона и Атлетико Мадрид имаат по 76 бода, Реал Мадрид има 75.

Остануваат уште пет кола до крајот, еве со кои играат ривалите за титулата:

Распоредот на Барселона во последните пет кола:

Депортиво – Барселона

Барселона – Спортинг

Бетис – Барселона

Барселона – Еспањол

Гранада – Барселона

Распоредот на Атлетико Мадрид во последните пет кола:

Атлетик Билбао – Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид – Малага

Атлетико Мадрид – Рајо Ваљекано

Леванте – Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид – Селта

Распоредот на Реал Мадрид во последните пет кола:

Реал Мадрид – Виљареал

Рајо Ваљекано – Реал Мадрид

Реал Сосиедад – Реал Мадрид

Реал Мадрид – Валенсија

Депортиво – Реал Мадрид

Прегледи:
443
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
18.04.2016